Владимир Четкар на 10-ти aвгуст ќе има концертен настап во Битола во рамките на „Битфест“, еден од најдобрите македонски мултикултурни манифестации и воедно најдолгиот летен фестивал  во земјата.

Четкар ќе настапи на Широк Сокак и ќе се претстави со авторска џез соул и фанк програма, а ќе биде придружуван од инзвонредна интернационална екипа составена од Џонатан Харви на бас, Хју Вајт на клавијатури и Бено сатлер на тапани.

Концертот почнува во 22:00 часот.


Охриѓанецот Четкар ќе настапи на „Битфест“

OhridNews