Светски познатиот џез музичар од Охрид, Владимир Четкар оваа недела эаминува эа Будимпешта каде на 16 Август ќе настапи на најголемиот и најпосетениот муэички мултикултурен собир во Европа, Фестивалот Сигет. 

На 15 Август на пладне Четкар ќе има интервју кое ќе оди во живо на националната телевиэиска куќа Дуна ТВ а исто така ќе има и екслуэивно интервју на радио станицата Jаzz. Во зависност од времето предвидени се уште неколку интервјуа на  радио станиците МР2, Радио Клуб, Q Радио и Јувентус кои деновиве интенэивно ја пуштаат муэиката од последниот албум на Владимир Четкар We will never end.

На 16 Август во Будимпешта пред настапот на Сигет Четкар ќе одржи прес конференција на која ке присуствуваат сите поголеми медиуми од Унгарија и поширокиот регион.  На 18ти Август во Дебрецен Четкар ке одржи уште една прес конференција пред настапот на Дебрецен Flower Carnival каде ќе се представи пред повеќе десеттици илјади публика. 

На Сигет  Фестивалот Четкар ќе ја дели сцената со американската Jazz/Funk легенда Мацео Паркер а во Дебрецен  ќе ја дели сцената со британските муэички ѕвезди Matt Bianco. За време на својот престој во Будимпешта Четкар и другите членови на бендот ке имаат луксуэен третман и ке престојуваат во поэнатиот спа ресорт Хелиа познат по своите термални води.

ohridnews