Кошаркарот на Ефес Анадолу, Чеди Осман е во потесниот избор за најдобар кошаркар во Европа во младинска конкуренција.


19-годишниот кошаркар, кој родум е охриѓанец во изборот е заедно со уште девет кошаркари од стариот континент пренесува „Спортмедиа“.

Чеди Осман на Европското првенство во Грција за младинци беше избран за најкорисен кошаркар (МВП), а селекцијата на Турција успеа да го освои златниот медал.

Тој прво настапуваше за босанската селекција, а откако го засили Ефес турците веднаш му дадоа пасош и го ангажираа во младинската репрезентација.

Неговиот брат Џанер Осман игра за македонската селекција и моментално ги брани боите на Куманово.

Мх.П.