Турскиот репрезентативец со македонско потекло Чеди Осман кошаркарска кариера ќе ја продолжи во НБА лигата односно во тимот на Кливленд кај Леброн Џејмс.
Сега веќе поранешниот член на Ефес Пилсен беше драфтуван од 31-та позиција на синоќешниот избор за играчи кои доаѓаат во НБА лигата.
Првиот пик на драфтот Карл-Ентони Таунс заврши во Минесота, вториот пик Д’Анџело Расел го засили Лос Анџелес Лејкерс, а третиот Џејхил Окафор замина во Филаделфија.
Орландо како петти пик на драфтот го ангажираше Марио Хезоња кој беше еден од подобрите млади играчи во Европа минатата сезона.
Ohridnews