Охриѓанециот Богдан Василевски во соработка со режисерот Даниел Јовески објави преработка на хитот ,,Душа малечка” на Роберт Пирнер.

Авторите велат дека со овој проект имаат за цел да ги мотивираат младите да слушаат повеќе македонска музика, а повозрасните да се потсетат на истата.

Василевски е познат по многубројните настапи низ државата, музичките преработки како и по акцијата ,,Слушајте македонска музика 1 и 2 “. Главна професија му е електроенергетиката, а музиката му е хоби.

Режисерот Јовески има соработувано со многу ѕвезди во Балканов. Добитник е на три награди за најдобри режии во Косово и Албанија каде што е многу присутен. Исто така во последниве три години се потпишува како директор на режија во спотовите на најдобрите изведувачи од македонската естрада.

OhridNews