Охриѓанецот Драган Бочески успеа да ја спаси сезоната за кически Напредок и со импознатната серија од 11 победи во 12 меча, за една година експресно го врати Напредок во најелтното друштво. Бочески на клупата седна по поразот на Баже Лазаревски на стартот на втората полусезона на домашен терен од Локомотива со 3-2. Управата се одлучи “експресно“ да го врати Бочески на клупата , што на крајот на сезоната се покажа како полн погодок.


 

Од 11 победи избраниците на Бочески четири извојуваа без примен гол (Дрита 4-0, 11 Октомври 0-1, Беласица 0-3 и Цементарница 5-0). Идентични 2-1 победи забележаа над Охрид и Миравци , додека со резултат 3-1 ги совладаа Новаци, Влазерими. Гол повеќе од противниците постигнаа во последните три кола кои ги добија со 3-2, (Брегалница, Скопје и Влазними).

Единствениот пораз го претрпеаа од лидерот Шкендија во Тетово со 4-1.

За охриѓанецот, кој е селектор на репрезентацијата под 19 години, а тренерската кариера ја започна во Охрид, ова беше трет пат како успева со екипа од втората лига да избори пласман во првата. Претходно тоа му успеа со Влазерми, и на два пати со Напредок.

Бочески по завршувањето на сезоната е слободен тренер, бидејќи неговиот договор со Напредок е завршен. Каде ќе го одведе тренерскиот занает ќе биде познато во наредните денови.

М.П.