Македонските тренери кандидати за УЕФА ПРО Диплома кои се во третата ПРО генерација, се во Нион, седиштето на УЕФА, одделот за тренерска едукација, каде заедно со колегите од Белгија, Р. Ирска и Швајцарија ќе одработат семинар со содржини кои се дел од програмата за УЕФА Про Диплома.

Во оваа група кандидати, се следниве тренери: Љупчо Марковски,Зоран Бошковски, Љубодраг Милошевиќ, Гоце Седлоски,Ане Андовски, Томислав Франц,Ѓорѓе Тодоровски, Тони Јакимовски, Едмонд Миха,Влахо Александар, Добринко Илиевски,  Ќатип Османи, Горан Петрески, Владимир Кулев, Драган Бочески, Билбил Соколи, Блажо Лазаревски, Драган Стојановиќ, Африм Товерлани, Драган Ранѓеловиќ, Бозго Клинтон,Миливој Вујановиќ, Саша Милановиќ

Овој семинар и оваа ретка можност е потврда за квалитетната работа која Центарот за Едукација на ФФМ ја остварува во последните 10-ина години и одличната соработка помеѓу Техничките оддели на УЕФА и ФФМ.

Ohridnews