Единствениот македонски претставник на регионалното музичко шоу „X Factor Adria“, охриѓанецот Боби Мојсоски, обезбедни пласман во супер финалето, кое ќе се одржи следната недела во „Комбанк“ арената во Белград.

Боби во синоќешната емисија во живо која одлучуваше за суперфуналистите, ја изведе песната “Counting stars” (One Repulic) која му донесе позитивни критики од жирито и доволно гласови од публиката.

Во финалето од синоќешната емисија се пласира уште и Магдалена, откако победи во соочувањето со Аднан и Тарик. Покрај нив шоуто синоќа го напушти и Антонио.

OhridNews