Охриѓанецот Александар Бакулески се најде во списокот на селекторот на  македонската репрезантацијата за фудбалери до 21 година, Мирсад Јонуз за претстојниот пријателски натпревар против соодветната селекција на Албанија.

Бакулески кој настапува во екипата на Локомотива беше дел и од аматерската репрезентација која учествуваше на регионалниот турнир во Сан Марино.

Селекторот ги повика следниве фудблери:

Голмани:
Вртески Александар (Победа), Гачевски Филип (Мура,Словенија)

Одбрана:
Лазевски Александар (Партизан,Србија), Најдоски Дино (Вардар), Димитровски Владимир (Цементарница),  Георгиевски Даниел (Меѓумурје,Хрватска), Блажевски Томислав (Брегалница)

Среден ред:
Лостовски Трајче (Локомотив,Бугарија), Селмани Севдаиљ (Баер Леверкузен , Германија), Таири Фламур (Македонија ЃП), Шабани Емир (Работнички), Симовски Душан (Македонија ЃП), Павлов Марко (Бетис,Шпанија), Бакулески Александар (Локомотива)

Напад:
Ивановски Мирко (Македонија ЃП),  Славковски Горан (Интер,Италија),  Ибраими Агим (Олимпија,Словенија),  Петров Филип (Вардар)

М.П