СВР Охрид поднесе кривична пријава О.Н.(26) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

На 24.09.2009 година во Охрид, при извршен претрес на две лица се пронајдени 7,7 грама наркотична дрога „марихуана“, што ја набавиле од пријавениот во текот на истиот ден, а при извршен претрес во домот на пријавениот се пронајдени две пакување зелена раститела материја и е затекнато уште едно лице кое уживало наркотина дрога „марихуана“, соопшти МВР.

Ohridnews