Во незгодата, поради тежината на здобиените повреди, на лице место, животот го загуби Бајрам Шукри (59) од Охрид.
Тешката сообраќајна незгода се случила во моментот кога сега починатиот, управувајки кон Охрид, патничко моторно возило марка „Застава 101“ со охридски регистарски таблици, изгубил контрола врз возилото и удрил во заштитниот метален браник на левата страна од коловозот а потоа, излетал и се превртел надвор од коловозот.
На местото на незгодата , во присуство на Истражен Судија, извршен е криминалистичко-технички увид.