Вчера напладне на раскрсницата помеѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“, полициски службеник од СВР Охрид предупредил 28 годишен охриѓанец поради паркирање на патничкото моторно возило на обележан премин.

Откако охриѓанецот одбил да го тргне својот автомобил, го стартувал возилото и со предникот браник го удрил полицискиот службеник во пределот на десната подлактица.

Како што информираат од СВР Охрид, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против 28-годишниот охриѓанец.

OhridNews