Вчера околу 15.50 часот во Охрид на улицата „ Дејан Војвода“, 27- годишен охриѓанец попречувал полициски службеници при преземање на службено дејствие – легитимирање.

Лицето извадило нож и им се заканувал на полициските службеници по нивниот живот и животот на нивните фамилии, соопшти МВР.

Истиот е приведен во СВР Охрид, обавен е разговор и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews