Жител на Охрид долго ќе го памети викендов што измина откако со едно евро успеа да ќари речиси 5 500 евра во спортската обложувалница „Sport Life“. Среќниот охриѓанец еден тикет со 13 натпревари го уплатил два пати по 30 денари, а вкупната добивка изнесувала 337 982 денари.

Обложувалницата добитниот тикет на охриѓанецот го сподели на својата официјална „Фејсбук“ страница и го прогласи тикет на викендот. Вистинска мајсторија, секоја чест ! 

OhridNews