Охриѓанецот Димитрија Станковски (68) пациент во Душевната болница во Демир Хисар, во неделата вечерта бил пронајден мртов во нива со тутун, непосредно до спортската сала, соопшти МВР.

Според првичните информации од истрагата Станковски претходниот ден незабележано ја напуштил болницата, по што му се губи секаква трага. Телото на починатиот е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта на Станковски.

Управата на болницата каде Станковски се лекувал од алкохолизам, најави дека ќе спроведе истрага за да се утврди дали имало пропусти од страна на  обезбедувањето, кое не го забележало ненајавеното оддалечување на пациентот.

OhridNews