Охриѓанецот Јованчо Спироски ја освои првата награда за Best New Product на престижната меѓународна саемска манифестација „ISC WEST“ која се одржува деновиве во Лас Вегас, САД.

Тој е дизајнер на хардверот на производот „CLEER-24“, кој го произведува канадската фирма „Phybridge“ од Онтарио, каде што Спироски работи како Менаџер на Хардвер Инжинерство.

Според објавениот опис, наградата Best New Product ги демонстрира најимпресивните технолошки достигнувања преку зголемена функционалност, подобрена леснотијата на користење и намалување на трошоците.

Спироски во изјава за OhridNews вели дека е многу горд и задоволен од постигнатиот успех бидејќи наградата ја добиле во конкуренција на производи од голем број познати светски фирми.

Радоста за големата награда Спироски ја сподели заедно со  претседателот на компанијата Phybridge Оливер Емануел и главниот извршен директор Џон Кросе.

Инаку Јовачно Спироски живее во Охрид и за Канадската фирма „Phybridge“ работи од Македонија.

OhridNews