Синоќа во 20,30 часот од Охрид, на ул.„Нада Филева“, во куќата сопственост на А.М.(1950), две непознати лица извршиле разбојничка кражба, при што одзеле еден пар патики.

Имено, лицата влегле во куќата која била отклучена и одзеле два пара патики, но во тој момент биле забележани од синот на пријавителот Р.М., кој почнал да ги брка, при што едно од лицата фрлило еден пар патики. Откако Р.М. се вратил дома забележал дека му фалат уште еден пар патики и повторно тргнал по лицата и кога ги сретнал кај плоштадот Крушевска Република се обидел да им ги земе патиките, но едно од лицата извадило нож и почнало да го брка  и да мафта со истиот, а потоа и физички го нападнало, удирајки го со раце и нозе по телото. Од страна на УПС превземени се мерки, при што е констатирано дека сторители на делото се лицата: А.Л.(1990) и Д.Е.(1994) двајцата од Кочани. Против истите ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

OhridNews
извор: МВР