Охриѓанецот А. Д. утринава околу 4:00 часот, го ограбил Астра клубот на Бул. „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош, пренесува „Макфакс“.

Лицето украло 200.000 денари од касата на казиното, но откако случајот бил пријавен, полицијата успеала да го лоцира и да го  фати. Пријавениот. поседувал пиштол, и откако бил фатен веднаш е приведен е во полициска станица на распит.

Според МВР лицето и е познато на полицијата, а се утврдува дали учествувало и во некој од нерасчистените грабежи кои изминативе месеци се случија во Скопје.

OhridNews
извор: „Макфакс“