На влез во Македонија, на граничниот премин Меџитлија, вчера, од страна на 35- годишен охриѓанец било пријавено дека претходниот ден во Метаморфози- Грција му била оштетена предната хауба и задната лева гума од неговото патничко моторно возило „ Мерцедес” со охридски регистарски ознаки.
Од страна на оштетениот случајот бил пријавен во грчката полиција, за што на лицето не му бил издаден записник.
Инаку, ова е второ оштетување на возило на македонски државјанин во Грција годинава.
OhridNews