Tom Cruise i Cameron Diaz деновиве во Токио го промовираа нивниот најнов филм “Knight & Day”. И на оваа промоција меѓу привилигираните фанови кои се дружеа со ѕвездите на филмот беше нашиот сограѓанин со привремен престој во Јапонија, Адријан Битрак.


Покај автограмите и фотографиите, Адријан имаше ексклузивна можност да присуствува на прес конференцијата со ѕвездите  на “Knight & Day”.

Cameron Diaz ја имаше препознатливата , најголема насмевка. Таа е една од ретките ѕвезди кои се и секси и слатки, зрачи со позитивна енергија, а кон обожавателите се однесува неверојатно пријателски, вели Битрак, кој за момент ја ќари Камерун од јапонските фанови. На прес конференцијата Cameron Diaz кажала дека на снимањето имало многу забава и дека сите акциони сцени се снимени без двојник. Најомилената сцена и била акцијата на мотор.


Tom Cruise изјави дека уживал во соработката со Cameron Diaz. Тој е вистинска ѕвезда, полн со енергија и со посебна аура, вели Битрак. Тој имал прилика да разговара со Том кој исклучително ги почитува обожавателите. Иако е еден од најпознатте холивудски актери „стоеше“ на земја и ги слушаше коментарите на фановите, додава Битрак.


Охриѓанецот Битрак кој во ,главниот град на Јапонија деновиве ги следи филмските премиери на најпознатите светски актери, ја опишува и другата страна од животот на филмските ѕвезди.

Tom Cruise во Токио беше само 14 часа, а по промоцијата веднаш замина за Прага каде го снима филмот „ Mission Impossible 4“. И покрај лудиот распоред тој цело време беше насмеан и посвети доста внимание на своите фанови, Ете зошто тој и Камерун се топ ѕвезди, вели Адријан Битрак.


OhridNews