Охриѓанецот Г.А.(31) заработи кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“. Според Полициската станица во Струга на 04.12.2009 година, во Струга при извршена контрола во патничко возило во кое се превезувал пријавениот, истиот од прозорецот исфрлил  кеса со наркотична дрога „хероин“, што ја набавил од лице од Велешта за износ од 2.000 денари.

Полициската станица во Струга за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“ поднесе кривична пријава и против лицата Ш.А.(47) од с.Заграчани-струшко и Н.М.(26) од Струга.  На 23.11.2009 година, во Струга на Градскиот пазар полициски службеници забележале како првопријавениот на второпријавениот му продавал 0,42 грама наркотична дрога „хероин“.

Извор МВР