Имено, врз основа на досегашните сознанија од истрагата како и врз основа на исказите на двете малолетнички, на засега неутврден датум во текот на април годинива Д.Ѓ. ,во негов стан во Куманово, во повеќе наврати, извршил обљуба и други полови дејствија врз малолетничките кои во наведениот период немале наполнето 14 години. Исто така, констатирано е дека и во периодот од март до јули годинава, во повеќе наврати во мотел во Штип како и во стан во населбата 8-ми Ноември во Штип и лицето Е.Т. извршил обљуба и други полови дејствија врз малолетничките. Третото лице, А.М. на 13.05. годинава, додека едната од малолетничките била на екскурзија во Охрид, во соба во хотелот во Охрид извршил обљуба врз малолетничката.
По целосно документирање на инволвираноста на приведените Е.Т., Д.Ѓ. и А.М. против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело – “полов напад врз малолетник кој што не наполнил 14 години“. СВР Штип продолжува со истрагата околу овој случај а во тек се проверки и разговори со други лица околу можната инволвираност во случајот, соопшти МВР.