Охриѓанецот Е.Џ.(37) заработи кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги  психотропни супстанци и прекурсори“. Според полицијата, во ноември 2009 година, во Охрид при извршен претрес над две лица од Охрид се  проанјдени 0,05 грама „хероин“ што ја набавиле од пријаевниот за износ до 500 денари.

 СВР Охрид поднесе кривична пријава и против Н.Н.(21) од Скопје за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“. Во текот на ноември 2009 година, при извршен претрес во домот на пријавената  се пронајдени траги од „хероин“, а истата во повеќе наврати на едно лице му овозможила да користи дрога.

OhridNews
Извор: МВР