СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д.(21) од Охрид и А.И.(20) од Скопје за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 30.06.2009 година, околу 19,00 часот,  во Охрид  пријавените при згодна прилика од ординација  одзеле чанта, сопственост на вработената М.М. од с.Лескоец, во која имало кредитна картичка, по што од  банкомат   Н.Д. истиот ден во четири наврати подигнал вкупно 9.000 денари.

Ohridnews