Иван Трпоски минатата година во австралиската држава Нов Јужен Велс беше номиниран за животно дело за својата неуморна добротворна работа во македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј.
Иван Трпоски е познат писател кој повеќе од триесет години твори во Австралија. Роден е во с. Волино, охридско, а повеќе од 40 години живее во Сиднеј. Трпоски е архивар и библиотекар во библиотеката „Григор Прличев“ и е еден од најиздаваните македонски писатели од дијаспората. Автор е на десет книги поезија и четири книги со патописи и записи.
За својата работа во полето на литературата и културата повеќе пати бил наградуван. Добитник е на наградата „Иселеничка Грамота“ на Струшките вечери на поезијата и на признанието „Македонско сонце“ во Сиднеј.
Горан Момироски