Уставниот суд ги прогласи за неуставни патриотските фискални сметки и ги укина одредби од Правилникот на Министерството за финансии што ги обврзуваа трговците да користат фискални каси, кои одвоено ги регистрираат македонски производи од странските.

Над 55.000 трговци мораа софтверски да ги надградат фискалните апарати поради одлуката на Владата за одделeно регистрирање на прометот на домашните и странските производи што започна на  1 јули оваа година. За тоа секој од нив издвои помеѓу 50 и 200 евра. Сега државата ќе треба да им ги врати парите. Ако биде така тоа неа ќе ја чини над 5 милиони евра.

Патриотските фискални сметки паднаа на иницијатива на граѓанин од Охрид кој покренал постапка пред Уставниот суд, кој одлучи дека  издвојувањето на македонските од странските производи создава нееднаквост меѓу стопанските субјекти на пазарот и ја нарушува слободата на пазарот и претприемништвото, гарантирани со Уставот.

Ohridnews