Секторот за внатрешни работи Охрид, согласно Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, до Основниот суд од Охрид поднесе предлог, на 34-годишен охриѓанец, како заштитни мерки да му се изречат: забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување.
По прифатениот предлог и според донесеното решение од Основниот суд Охрид, мерките ќе траат една година, а ќе бидат спроведувани од страна на СВР Охрид и подрачните медицински установи во Охрид при Министерството за здравство.
Предлогот, СВР Охрид го поднесе откако на 14-ти минатиот месец, охриѓанецот видно под дејство на алкохол, вербално ја навредувал својата сопруга и и се заканувал дека ќе ја убие по што физички ја нападнал влечејќи ја за облеката и удирајќи ја со тупаници. Настанот се случил во еден хотел во Охрид при организирана прослава на празникот Св.Василиј Велики. По извршено алкотестирање, кај лицето се констатирани 2,75 промили алкохол во крвта.
Инаку, предлогот со заштитните мерки, СВР Охрид го поднесе со цел превенирање и заштита на жртвите на семејното насилство, почитување на основните човекови права и слободи, животот, личниот интегритет, недискриминација и родова еднаквост со должно внимание на интересите и потребите на жртвата.
OhridNews