Поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело  „Фалсификување пари“  СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето С.К. роден 1984 година од Охрид.

Пријавениот, со цел да прибави противправна имотна корист, пуштил во промет фалсификувана банкнота од 500 денари. На ден 14.11.2008 година, истиот со фалсификуваната банкнота, од киоск во Охрид купил едно пакување цигари во вредност од 50 денари. Одкако продавачката му вратила 450 денари, тој со брзи чекори  а потоа со трчање се оддалечил  од киоскот.

Во следниот момент продавачката ја забележала фалсификуваната банкнота од 500 денари, по што случајот веднаш го пријавила во СВР Охрид.
 
По интервенцијата на полициските службеници, лицето е пронајдено. При извршениот преглед, кај него пронајдени се кутијата цигари марка „Родео“ како  и 400 денари кои со потврда му се одземени.

извор: СВР Охрид