Основниот суд во Штип им одреди казна од вкупно четиринаесет и пол години затвор на тројцата обвинети во аферата со малолетничка проституција од Куманово, Штип и Охрид.

– На обвинетиот Дејан Ѓорѓевиќ од Куманово му се изрекува казна затвор од 5 години, на обвинетиот Емилчо Тодев од Штип  казна затвор од 5 години и шест месеци, а обвинетиот Ангеле Марковски од Охрид за едно кривично дело полов напад врз малолетник, кој не наполнил 14 години се осудува на казна затвор во траење од 4 години, соопшти Основниот суд во Штип.

Претходно судот на уште седуммина обвинети, им одреди казна затвор во вкупно траење од 50 години за подведување и сексуално искористување на осмоодделенки. Тие меѓу другото биле носени и во Охрид каде имале сексуални односи со постари лица.

За истото дело штипски бизнисмен е осуден на десет години затвор, а највисока казна од 15 години доби кочанчанецот Перо Трајковски кој е во бегство.

OhridNews