Охриѓанецот Северџан Мемиш за две години успеа да прескокне две лиги во Германија. Тој моментално настапува во тимот на Вустенрот во осмата лига по ранг во германскиот фудбал.
Проблемите со документите во првата година го спречија Мемиш да напредне уште повеќе и го примора да почне од аматерсктите екипи.
– Неизмерна благодарност упатувам до Општинскиот фудбалски сојуз и Фудбалската федерација кои многу ми помогнаа околу средувањето на потребните документи. Осмата лига во Германија наликува на Втората во Македонија. Сите играчи земаат некакви примиња, а условите се феноменални. Привикнувањето беше тешко, но сега се оди според планот. – рече популарниот „Буцо“.
Во Охрид долги години настапуваше во тимот на Воска, а имаше кратка епизода и во екипата на Лескоец.
Ohridnews