Малиот Хефастиан Дуклески кој има охридско потекло има само пет години, но веќе самоуверено чекори во светот на модата. Откако неговите родители на убедување на пријателите  му отвориле профил на социјалната мрежа Инстаграм, ги контактирале повеќе модни агенции во Шведска. Довербата ја добила „Swedenmodels agency“ која од пред еден месец го застапува Хефастиан. 

Хефастиан за кус период има 3500 следбеници на својот профил на Инстаграм, каде редовно се објавуваат негови фотографии. 

Повеќе фотографии од малиот Хефастиан кој од мали нозе успешно заплови во модните води може да погледнете на следниот ЛИНК.

OhridNews