Здружението на граѓани „Христо Узунов“ кое како што велат неговите членови, се грижи за зачувување на културата и традицијата на Македонија, е убедено дека земјава не ја слави 2009-та година, туку 7517 година.
„Бевме ,,зачудени” од една ваша статија која се појави на нашиот најпопуларен електронски весник. Во статијата пишува ,,Евреите ја слават 5770, Кинезите 4707, Индусите 2066, а Муслиманите 1431 Нова година”.Решивме да ве корегираме во делот каде што пишува дека,,Многубројна популација луѓе времето и Новата година ги бележат според свои календари кои имаат корени во нивната етничка и религиозна историја”.Здружението ,,Христо Узунов” од Охрид според фактите и записите со кои располага констатира и утврдува дека МАКЕДОНИЈА ја слави 7517 ГОДИНА“, стои во дописот од здружението на граѓани „Христо Узунов“. Повеќе детали за тоа како е дојдено до пресметката дека Македонија ја слави 7517, од здружението не соопштија.