По повод девет годишнината од постоењето, охридскот Радио Лав, денеска на свечен начин во употреба ќе ги пушти новите работни простории кои се наоѓаат на улицата „Живко Чинго“ -10.
Радио Лав, кое емитува програма на територијата на Охрид, Струга, Дебар и Кичево, првиот сигнал до слушателите го испрати на 14.02.1999 год. Ова радио негува претежно македонска изворна музика. Програмата, како што велат од радиото е за сите генерации, а застапени се емисии од документарен и забавен карактер. Сигналот на Радио Лав денес допира до 300 000 жители,а преку интернет и до голем број нашинци во дијаспората. Намератра ни е во скора иднина да го покрива целиот југо-западен регион на Р.Македонија, велат од Лав радио.
Радио Лав оваа 2008 година се вселува во своите сопствени новоизградени простории кои ги исполнуваат сите стандарди за еден современ медиум со вкупна површина од околу 80 метри квадратни. Тоа велат од радиото ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на работа и пред се на програмската понуда на ЛАВ радио.
Среќен роденден!
ohridnews