Одделението за трансфузилологија во Охрид е затворено, информира министерот за здравство, Венко Филипче.
Одлуката е донесена од страна на епидемиолозите, затоа што вработените во одделението биле во контакт со лице заболено од коронавирус. Лицето, како пациент дошло во одделението да подигне терапија, а после неколку дена кај него било утврдено дека е заболено со коронавирус. Целиот персонал кој брои десет вработени, иако со различен степен на ризик, е пратен во домашна изолација.
Поради тоа, појасни министерот, службата за трансфузиологија целосно е преземена од страна на одделението што се наоѓа во рамки на болницата „Св. Еразмо“, што значи дека крвоснабдувањето во ниту една болничка установа во Охрид не е загрозено.
OhridNews