Министерството за транспорт и врски соопшти дека забележан е значителен тренд на опаѓање на водостојот на
реките во сливот на Охридското Езеро. Водостојот на Сатеска во
споредба со вчера е опаднат на 58 од 65 сантиметри, додека Коселска
Река од 57 на 55 сантиметри. Од Охридското Езеро во Црн Дрим од испустот кај Струга се испуштаат 68 метри кубни во секунда.
Според
временската прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден како и наредните денови до крајот на седмицата не се предвидуваат врнежи од дожд, така што се очекува трендот на опаѓање на водостојот на Охридското Езеро да продолжи со истиот интензитет.
Охридското Езеро во тренд на опаѓање
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com