Нивото на Охридското Езеро според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, изнесува 693,26 метри надморска визочина, што е 23 сантиметри под просекот за месец март.
Март 2019г.
Неповолната хидролошка состојба на езерото ја потврдува и фактот што минатата година ова време езерото ја надмина границата од 694 м.н.в. што, пак, предизвика сериозни последици кои кулминираа во невремињата што се случија на 17 и 31 март 2018 година.
Од тогаш до денес езерото бележи пад од околу 80 сантиметри, што е исклучително голема водена маса.
Охридското Езеро природно осцилира, но зачести интензитетот и тоа гтреба да загрижува, смета експертската јавност. Според неа тоа делумно се должи на климатските промени, но и на несоодветниот начин на регулирање на истекот на Охридското Езеро во реката Црн Дрим, по чие течение на македонска страна се наоѓаат две хидроцентрали.
Иако е прогласено за светско природно наследство во кое живеат голем број ендемски видови, Охридското Езеро се’ уште се третира како акумулација за производство на електрична енергија.
Г.М.