Сакаме да ја увериме јавноста дека иако во овој период е забележан повисок водостој, сепак тој не е највисокиот водостој што е забележан низ годините на Охридско Езеро.-се вели во соопштението објавено на нивната веб страна на Министертвото за Транспорт и врски.

Во него се наведува дека според графичкиот приказ на нивото на водата на Охридско Езеро од 1923 до денес, може да се забележи дека во 1971 година, езерото достигнало максимално ниво и тогаш изнесувало 694,51 метри надморка височина, што е за 53 сантиметри повисоко од сегашното.

-Оттука, може да се заклучи дека сегашното ниво е далеку пониско од максималното кое го достигнало Охриското Езеро во 1971 година. Затоа, апелираме на разумност кај сите кои даваат свои оценки и изјави за состојбата, затоа што од овие непогоди се погодени и населени региони каде со непромислени и непотврдени проценки може да се внесе непотребна паника и страв кај граѓаните. –се вели во соопштението, потенцирајќи дека состојбата е стабилна и постојано се мониторира.

-Состојбата постојано се следи од страна на Координативно тело за превенција од природните непогоди кое е составено од претставници на сите релевантни институции и се утврдуваат потребните мерки за преземање, за што, секако, постојано ја информираме јавноста. –нагласуваат во соопштението.

OhridNews