Иако водата во Охридското Езеро во најголем дел, над 90% е од I и II класа, граѓаните треба да внимаваа во одредени зони каде квалитетот на водата не е на потребното ниво за спорт и рекреација, предупреди Заводот за здравствена заштита од Охрид, кој вчера ги соопшти резултатите од јунските мерења на квалитетот на водата во езерото.
Главната опасност доаѓа од четирите реки што се вливаат во него: Черава, Велгошка , Коселска и Сатеска, но и од оние уостителски објекти и домаќинства, кои не се приклучени на колекторскиот систем, дел над плажата Лагадин, Свети наум, делови од стариот град кај Света Софија и Канео и кај Грашница.
Токму овие точки преставуваат опаснсост за езерскиот екосистем, затоа што дел од отпадните води се изливаат во езерото, истакна Сашо Точко од ЗЗЗ- Охрид
Се очекува инспекциските служби да постават знаци за забрана за капење, како предупредување дека водата на тие места водата не е со посакуваниот квалитет. Ситуацијата засилено исто така се следи и на струшката страна од езерото каде водата е од втора категорија.
Според ЗЗЗ, непоходно е сите објекти покрај езерото да се вклучат во колекторскиот систем, за да не се дозволи натамошно излевање на отпадна и фекална вода во езерото со што ќе се заштити и еко системот и здравјето на луѓето.
За време на одбележувањето на денот на Охридското Езеро, 21 Јуни, градоначалникот на Охрид Александар Петрески најави дека колекторскиот систем од х. Метропол до Пештани ќе биде завршен за 5 месеци, што значи дека и ова лето густо населениот дел во кој претстојуваат и голем број туристи ќе остане жешка еколошка точка. Нема ништо ново ниту на албанска страна каде изградбата на колекторот деновиве влезе во втота фаза која ќе заврши за најмалки 18 месеци.
Мики Трајковски