Дождливата есен и врнежливата зима придонесоа за нормализација на водостојот на Охридското Езеро. Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи извршени пред два дена покажале дека нивото на езерото е 30 сантиметри над нултата точка која се наоѓа на 693,17 метри надморска висина.


Охридското Езеро се враќа во кондиција

Минатата година во ова време нивото на Охридското Езеро падна под минималната кота, што се должеше на сушата и испуштањето на вода за потребите на електросистемите на Македонија и Албанија. Токму минатогодишниот драматичен пад на нивото на Охридското Езеро иницираше Владите на Македонија и Албанија и официјално да најават ревидирање на неколку децении стариот билатерален договор со кој се одредува најниската точка под која не може да се испушта водата од Охридското Езеро за потребите на електросистемите на двете земји.

Ohridnews