Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошкибработи, температурата на водата на Охридското Езеро изнесува 19 C°. Сепак, таа е повисока од просекот за октомври, кој изнесува 16,8 C°.

До крајот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност, во западните и северните делови повремено ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Максималната температура денеска во Охрид ќе достигне 19 C°.

Утре, како и во деновите од викендот ќе имаме сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 6 до 15 C°, а дневната од 22 до 28 C°.

OhridNews