Екипи на јавното комунално претпријатие деновиве отпочнаа со чистење на алгите од крајбрежјето во центарот на градот. Расцветаните пролетни алги кои шират непријатна миризба во најголем дел ги има околу пристаништето и кејот. Чистењето на алгите е дел од подготовките на Охрид за претстојната туристичка сезона.


се чистат алгите од крајбрежјето

Покрај оваа акција јавното комунално претпријатие деновиве продолжи со уредување на парковите и зеленилото во центарот на градот и на булеварот „Туристичка“.


комуналците го светнаа Охрид

фото: Васко Бујароски