Околу 200.000 млади пастрмки вчера беа пуштени во водите на Охридското Езеро. Тие во изминатите 6 месеци беа одгледувани во специјални услови во мрестилиштето „Шум“ во Струга и во Хидробиолошкиоот институт во Охрид.


околу 700.000 млади пастрмки беа одгледани во Хидробиолошкиот институт

Порибувањето го следеше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ацо Спасеноски, кој најави дека идната година за оваа намена ќе бидат издвоени 20 милиони денари. Со тоа, според него, ќе се обезбедат доволно средства за Хидробиолошкиот институт во Охрид, кој како што рече,  „во минатото не беше соодветно третиран“. „За да се одржи биолошкиот минмимум на охридска пастрмка потребно е секоја година езерото да се порибува со околу 3,5 милиони единки подмладок на пастрмка, но поради лошата состојба на рибниот фонд таа бројка треба да е и поголема“, рече Спасеноски.


министерот за земјоделство го следеше порибувањето

Тој  најави дека наскоро ќе биде донесен и Законот за рибарство, како и дека се договорени повеќе средби на експертско ниво со Албанија на кои ќе се разговара за заеднички проекти за заштита на Охридското и Преспанското езеро, за што средства ќе се бараат од европските фондови.


порибувањето се изврши со специјалниот брод на Хидробиолошкиот институт

Спасеноски најави и други мерки, како и поголема активност на сите релеванти институции  во заштитата на рибниот фонд  на  Охридското Езеро.

Г. Момироски