Владата ќе го поништи Конкурсот за концесија на рибниот фонд на Охридското Езеро, дознава ohridnews.com. Концесија нема да се дава до влегување во сила на новиот Закон за Рибарство, кој според првичните најави треба да биде донесен во месец мај.

Со новиот Закон за рибарство се  предвидува забрана за стопански риболов, а ќе биде дозволен спортски риболов под строго утврдени услови. Ќе бидат обезбедени средства за физичка заштита на Охридското Езеро што според експертите сега е најголемиот проблем.

Инаку како што е познато на Конкурсот што го распиша Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство се пријавија три компании. Иако министерството најави можност до стапувањето во сила на Законот за рибарство да биде доделена времена концесија, Владата одлучи новиот стопан на езерото да се бира дури откако законот ќе биде донесен. Ваквата можност неодамна беше најавена на средбата помеѓу претставници на Хидробиолошкиот институт од Охрид, спортските риболовци и екологистите со претставнци на ресорните министрства, кога еден од заклучоците беше  токму сега предложеното решение, Охридското Езеро да не се дава под концесија до донесувањето на новиот Закон за рибарство.

Г. Момироски