Владата на Република Македонија ја прекина постапката за доделување концесија за стопански и спортски риболов на Охридското Езеро.
По низата забелешки на изготвувањето на риболовните основи според кои Министерството за земјоделство распиша јавен конкурс за давање на Охридското Езеро под концесија, владата ја повлече ваквата одлука, која јавно беше објавена во Службен весник.
По тој повод денеска ќе се огласи еколошкото друштво “Грашница“ кое беше еден од иницијаторите за неиздавање на Охридското Езеро под концесија за спортски и стопански риболов.