Охридското Езеро како светско природно наследство заштитено од УНЕСКО и најголем басен со питка вода во овој дел на Европа, не смее да биде депонија во која ќе се фрла се и сешто, предупредуваат организаторите на големата акција за подводно чистење на езерото што ќе се одржи утре.


Четириесетина нуркачи ќе го чистат езерското дно од цврст отпад од пристаништето до Сараиште, каде членови  на културниот центар „Медиа Артес“ ќе направат  културна инсталација од извадениот отпад.

На тој начин сакаме да го свртиме вниманието на јавноста кон загадувањето на Охридското Езеро, беше истакнато на прес конференцијата на која присуствуваа претставници на Сојузот за подводни активности на Македонија, Ротари клубот Охрид и на лајонс клубовите „Лихнидос“ и „Десарети“. Акцијата која е дел од проектот „Водата е извор на животот“ утре ќе започне во 11 часот кај градското пристаниште.

Ohridnews