Охридското Езеро е главен туристички мотив и најпрепознатлив симбол на Охрид,  сметаат најголемиот број од испитаниците што биле опфатени во анктетата спроведена за потребите на  проектот „Духот на Охрид“, во првата половина на ноември на репрезентативен примерок од 100 анкетирани.

Анкетата која содржи 15 прашања кои имаат за цел да го испитаат јавното мислење во однос на дефинирањето на туристичката понуда на Охрид. Граѓаните на Охрид сметаат дека покрај Охридското Езеро, за кое се изјасниле 54% од испитаниците, дека природното и  културно – историското наследство исто така е  значајна основа за развој на туризмот. Во тој контекст дел од испитаниците сметаат дека културно историското наследство е слабо или недоволно презентирано. Причините за таквата состојба тие ги гледаат во недоволната ангажираност на државата и недоволната заинтересираност на локалната самоуправа.

Охриѓани сметаат дека туристите повеќе преферираат сместување во приватни соби и апартмани или помали хотелски капацитети, а како свои гости најмногу сакаат да ги видат странските туристи од Западна Европа. На мислење се дека на Охрид најмногу би му одговарал масовен туризам и културно историски туризам. Најголеми недостатоци според анкетираните се недоволната хигиена, недостатокот од паркинг простор и високите цени на туристичко-угостителските услуги. Сметаат дека носител на стратегијата за развој на туризмот треба да е
локалната самоуправа, а како најприкладни средства за презентирање на туристичките врдности на Охрид ги сметаат електронските медиуми и берзите, саемите и дуг вид непосредни презентации. Анкетираните посакуваат одржлив туристички развој и заштита на животната околина. Најголемиот број од нив сметаат дека Охрид самостојно треба да ги презентира своите туристички потенцијали.

ohridnews