– Над една милијарда гласови се дадени за 261 номинација, а на два дена пред завршување на вториот круг Охридското Езеро се наоѓа на одличното 6-то место. Апелирам до сите граѓани кои не гласале да го сторат тоа, а тие кои веќе го дале својот глас да отворат нова e-mail адреса и да повторно да гласаат и да се искористат овие два дена за да се обидеме и пештрерите Врело од моменталното 13 место да ја пласираме меѓу првите 11 во групата на пештери. Ако тоа се случи по автоматизам едната номинација од Македонија ќе влезе во финалето,
изјави Зоран Тунтев, од Македонскиот комитет за номинација на Охридското Езеро и пештерата Врело за нови светски чуда на природата.Зоран Тунтев
– Доколку Охридското Езеро влезе во финалето тоа ќе биде извонредна прилика цел свет да дознае за Охридското Езеро и природни убавини кои ги имаме. Тоа крева многу прашина и носи многу туристи. За сите финалисти во вториот круг ќе се организира таканаречена „New 7 wonders tour“ и ќе се прават репортажи за секоја земја поединечно во кои ќе бидат вклучени најреспектабилните медиумски куќи во светот како „CNN“, „Routers“, „AP„ и други, кои ќе ни бидат драги гости, додаде Тунтев.
Тој истакна дека тогаш ќе биде побарана помош од сите граѓани, бидејќи на начинот на кој досега се гласаше нема да биде доволно. Охридското Езеро е во конкуренција со езерото Титиката, Блед, реките Нил и Јанг Це Кјанг, зад кои стојат земји со многу поголема популација и затоа ќе треба да се направи многу Охридското Езееро да избори пласман меѓу седумте светски чуда, што на Македонија и Охрид ќе им донесе голема светска промоција, рече Тунтев.