Според последните мерења извршени вчера, Нивото на Охридското езеро изнесува  693,90, што е за 15 сантиметри над максимално дозволената кота. Благодарение на поволните временски услови и намалениот број на врнежи водостојот на езерото во текот на изминатива недела бележи постојано опаѓање.

Испустот на вода од езерото во Црн Дрим кај Струга изнесува 71 метар кубен во секунда. Водостојот на реката  Сатеска  изнесува 95 сантиметри, а на реката додека Коселска 68 сантиметри.

Последните прогнози на метеоролозите укажуваат дека престои стабилизирање на временските прилики, што секако поволно ќе влијае во насока на стабилизирање и на хидролошката состојба.

OhridNews