Според последните мерења на Управата за хидометеоролошки работи, направени во петокот, нивото на Охридското Езеро се спуштило на само еден сантиметар од минмималната кота која се наоѓа на 693,17 метри надморска височина.
Со последниот пад за еден сантиметар Охридското Езеро се доближи на само 8 сантиметри од критичната долна граница која е утврдена во 1978 година и изнесува 693,10 метри надморска височина.
Според хидролозите причина за ваквата неповолна состојба е големата суша што оваа година ја зафати земјава, поради што тие препорачуваат да не се испушта вода од Охридското Езеро за потребите за електросистемите на Македонија и Албанија.
Г. Момироски