Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со неколку десетици илјади млади јагули.

Подмладокот на јагула кој еден месец се чуваше во карантин во мрестилиштето Шум во Струга, ќе биде пуштен во водите на Охридското Езеро на повеќе локации.


Охридското Езеро ќе се порибува со јагули

Порибувањето на Охридското Езеро со јагула веќе 4 децении се врши на вештачки начин, поради изградбата на хидроелектраните „Шпилје“ и „Глобочица“ со кои беше прекинат природниот пат на охридската јагула до Саргасовото море каде таа се мрести.

Ohridnews